5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Уште една оставка: Од функцијата финансиски директор на Тетовската клиника се повлекува и Артан Етеми

– Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин, соопшти Артан Етеми, финансиски директор на Тетовската клиника.

– Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца. Ја споделувам болката со роднините на жртвите, соопшти Етеми.

Фото: Фејсбук профил на Артан Етеми

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата активно презема мерки за поддршка на стопанството и за отворање нови работни места

C +

Тошковски за дивеењето на скопските улици: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание

C +

Утре, сончево време, со локална појава на дожд и грмежи

C +