11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Учество на претседателот на парламентот Џафери на работилницата за демократија

Во рамките на Петтата светска конференција на претседатели на парламенти, што се одржува во Виена, Австрија, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска учествуваше на Работилницата за демократија на Австрискиот парламент.

На Работилницата учествуваа австриски ученици од билингвални училишта, на возраст од 13 до 15 години. Претседателот Џафери одговараше на прашања од младите учесници, кои се интересираа за неговото мислење за значењето на демократијата и парламентаризмот, предностите и слабостите на демократијата, вклученоста на младите во политиката и слично. Претседателот Џафери нагласи дека демократијата претставува владеење на граѓаните и владеење на правото, што им дава слобода на индивидуите да мислат, да се изразуваат и да делуваат. Демократијата, исто така, преставува способност да се слушне различното мислење на другиот.

Работилниците за демократија успешно функционираат во Австрискиот парламент од 2007 година, со цел за стимулирање на интересот за политика и за демократските процеси кај децата и младите луѓе. Преку овие работилници, на децата и младите им се дава можност директно да се запознаат со улогата на Парламентот, парламентарните процеси и секојдневната работа на пратениците. Со учеството во работилниците, кај децата и младите се поттикнува свеста за демократијата, се охрабрува нивното политичко критичко размислување, вклученост и изразување на сопственото мислење, а се подобрува и медиумската писменост.

Во март 2020 година претседателите на двата парламенти, Џафери и Соботка, потпишаа Писмо за намери за основање на работилници за демократија во Собранието на Република Северна Македонија, по примерот на оние кои функционираат во Австрискиот парламент.

Можеби ќе ве интересира

По повод 11 Октомври партиска делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ во Прилеп

C +

Обезбедено и санкционирано е лицето кое со службено возило на бул.„Партизански одреди“ во Скопје помина на две полни линии и користеше флешери

C +

СДСМ: За нарко скандалот со директорот на Клиниката бараме кривична одговорност и истрага за неговата работа

C +
error: Соддржината е заштитена.