Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски положи свежо цвеќе по повод 11 Октомври: Наша должност е да го негуваме аманетот на борците, за слобода, праведност и достоинство

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска оддаде почит на загинатите борци од Народноослободителната борба и положи свежо цвеќе во Меморијалниот комплекс Партизански гробишта во Бутел.

„Денешниот 11 Октомври не потсетува на храброста, солидарноста и непокорот на нашиот народ.Тој ден ја симболизира решеноста за слобода, праведност и достоинство – вредности што и денес треба да нè водат во секоја наша одлука и постапка,“ изјави Герасимовски.

Тој додаде дека должност на сите генерации е да го негуваат аманетот за борците кои ја поставиле темелната вредност на современата македонска држава — слободата.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК