7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

За 13,1% порасна БДП, оценките се дека економијата заздравува

13,1% изнесува стапката на раст на бруто-домашниот производ за второто тримесечје од годинава, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Оттаму додаваат дека во второто тримесечје од 2021 година, најголем пораст, од 46% е забележан во секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Понатаму следуваат рударство и вадење на камен, преработувачка индустрија, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината со 11.4% учество во растот на БДП , како и секторот информации и комуникации од 5.7%.

-Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2021 година, номинално се зголеми за 14.9 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 70.2%, соопштија од Државниот завод за статистика.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62.2%, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64.4%.

Растот на бруто-домашниот производ (БДП) од 13,1 процент во вториот квартал од годинава укажува дека кризата одминува и економијата заздравува, оцени денеска премиерот Зоран Заев.

– Официјално е објавено од Заводот за статистика дека во вториот квартал од годинава е регистриран позитивен раст на Бруто домашниот производ во износ од 13,1 процент. Ова значи дека првото полугодие од оваа година постигнавме раст на БДП од 5,6 проценти, истакна Заев.

Можеби ќе ве интересира

Средба на министерката Божиновска со австриската министерка Клаудија Плаколм и раководството на ЕВН Македонија

ДЕСК

Австриската сојузна министерка Клаудија Плаколм во работна посета на ЕВН Македонија

ДЕСК

Инфлацијата ја изеде минималната плата – владата без слух за ново зголемување

ДЕСК