Бројот на новозаболени и на хоспитализирани пациенти се намалува, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека од среда ќе се укине препораката за онлајн настава за средношколците во Струга и во Кичево, а уште една недела во сила останува препораката за Тетово и за Гостивар.
„Овие трендови на намалување на бројките продолжуваат и на вкупниот број на новодијагностицирани, се намалува и бројот на прегледи во болниците, нема повеќе голем број на пациенти хоспитализирани во тетовската болница…сите параметри коишто ги пратиме укажуваат на тоа дека ситуацијата спласнува“, рече Филипче.