Денес уште од утринските часови ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Позастапена нестабилноста ќе биде во јужните делови од земјава каде локално врнежите ќе бидат пообилни, проследени со почести грмежи и засилен ветер.
Утре ќе има повремен локален дожд со ретки грмежи, претежно во западните делови. Потоа ќе биде малку до умерено облачно, од понеделник со слаб до умерен, а на места и засилен ветер од североисточен правец.
Прогноза за 07.09.2021
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 22°C до 28°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови повремено засилен североисточен ветер. УВ=6
Прогноза за 08.09.2021
Минимална температура: 6°C до 15°C
Максимална температура: 23°C до 28°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. УВ=6
Прогноза за 09.09.2021
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 23°C до 29°C
Променливо облачно со сончеви периоди. УВ=6