Гевгелиското основно јавно обвинителство започна постапка против четири лица, едно од селото Негорци и тројца од Гевгелија, поради сомнение дека сториле кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Осомничените во периодот од мај до септември гоПосдинава неовластено заради продажба одгледувале марихуана на седум локации на местото викано„Жабјак“ во близина на селото Негорци.
Тие засадиле по околу 100 семки од канабис, ги наводнувале, ги отстранувале непотребите листови и ги врзувале со манила за да не се скршат.
На 1 септември годинава, кога растенијата биле во фаза на цветање и со висина од 20 до 280 сантиметри, осомничените биле затекнати од страна на полицајци во намерата да ги соберат цветните завршетоци за да ги сушат. При тоа, вкупно биле пронајдени 381 стебло од растението канабис, односно по 95-96 стебла кај секој од осомничените.
Од страна на судија на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија, по барање на обвинителството, донесени се решенија со кои на осомничените им е определен куќен притвор во траење од по 30 дена.