22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Апелирам на почитување на протоколите, само така може да продолжат учениците и наставниците да бидат среќни на училиште

Од увидот кој и лично како министерка и еден поширок тим во МОН го извршивме во изминатиот период во голем број училишта низ општините во државата, согледавме дека тие се добро подготвени за успешен почеток на учебната година и за повторно враќање на учениците во училишните клупи. И, имаме успешен старт, така што сега преостанува само доследно да продолжиме да се придржуваме до планот и протоколите за да ја одржиме наставата со физичко присуство, бидејќи повеќе од јасно е дека тоа е најдобрата опција во интерес на учениците. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на денешната посета на ОУ „Ацо Шопов“ во населбата Радишани во Бутел, заедно со градоначалникот Велимир Стојковски.

„Навистина радува фактот дека за сега сé е во најдобар ред, а учениците и наставниците се среќни бидејќи после година и половина се вратија во училниците. Протоколите целосно се почитуваат. И учениците и наставниците на затворено носат маски кои во моментот покрај вакцинацијата се една од најдобрите заштити од ширењето на болеста. Одговорноста за зачувување на безбедни услови во училиштата е на сите нас“, рече Царовска, информирајќи дека согласно податоците кои се доставени до МОН во моментов меѓу учениците има само 0,01% активни случаи на заразени со Ковид 19, а идентичен е и податокот за наставниците.

Царовска се осврна и на планот за реформа на основното образование кој започна да се имплементира од оваа учебна година, со воведување на нови наставни програми и учебници за прво и четврто одделение, истакнувајќи дека веќе има позитивни реакции од наставниот кадар.

„Имав прилика да поразговарам со наставниците кои го изразија задоволството од новата концепција, но и она што ќе го добијат децата како знаење. Исто така ме информираа дека веќе ги имаат на располагање сите потребни дидактички материјали, интерактивни табли, таблет уреди. Орвооддленците ги добија новите учебници, а четврто одделенците веќе ги спуштија на своите уреди дигиталните учебници и нема никаква пречка во нивното користење“, рече Царовска.

Министерката потенцираше дека пристапот до квалитетно образование не би бил целосен без вложувања во училишната инфраструктура и подобрување на условите за настава.

„За таа цел и во ова училиште во тек се градежни работи во вкупен износ од околу 2,5 милиони денари, инвестиција од МОН. Со градежните работи е опфатена реконструкција на соблекувалните и тоалетите во спортската сала, изведба на санитарен јазол за лица со посебни потреби, реконструкции во просторот каде учат првачињата, изведба на пристапна рампа за лица со посебни потреби и обнова на училишната кујна и помошните простории“, информираше Царовска.

МОН продолжува посветено да создава современо и квалитетно образование, со изработка на нови наставни програми и материјали за учење, обуки и поддршка на наставниците и со инфраструктурни вложувања.

Можеби ќе ве интересира

Протоколите за пристапување на Финска и на Шведска во НАТО во македонското Собрание

M T

„Мицкоски крши протоколи додека бара онлајн настава“ – Кузеска повика на одговорност

M T

Шаќири: Дослeдно да ги почитуваме протоколите, за успешно реализирање на наставата со физичко присуство

M T

СДСМ: Мицкоски е лицемер, бара онлајн настава, а тој крши протоколи за заштита од Ковид-19

M T

Јетон Шаќири е новиот министер за образование и наука

M T

Царовска: Со опремување на 260 кабинети по природни науки и нови наставни програми кај учениците ја развиваме љубовта кон природата и свесноста за важноста на животната средина

M T