22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

ВЕРЕНИЦАТА МИ ОТКРИ ШТО САКА ДА НАПРАВИ КОГА ЌЕ СЕ ОМАЖИ ЗА МЕНЕ: Сега не знам дали да се женам, разочаран сум, а причината е СРАМНА

Жестока расправија предизвика проблемот што го покрена маж (42) од Америка, кој на форумот откри дека тој и неговата 33-годишна вереница размислуваат за животот по бракот. Свршеницата го прашала дали ќе му пречи доколку даде оставка и стане домаќинка.

– Конечно ја најдов вистинската. Се забавувавме три години и ја запросив минатиот месец. Синоќа планиравме венчавка и таа ме праша дали би ми пречело да биде домаќинка. Почнав да се смеам затоа што мислев дека се шегува, меѓутоа, таа беше мртва сериозна. Ми рече да престанам да се смеам и дека навистина тоа го сака. Ја прашав зошто, бидејќи и двајцата добро заработуваме и не можеме да живееме толку удобно со само една плата.

Таа вели дека тоа е затоа што мојата плата е многу поголема, што е вистина. Заработувам околу 40 проценти повеќе од неа, а таа вели дека можеме и да заштедиме малку.

„Мислам дека работата од 9 до 5 не е за мене“, ми рече таа.

И реков дека не ми се допаѓа идејата. Можеби би можела да биде домаќинка кога ќе пристигнат децата, но не сега. Ми рече дека сум манипулатор. Како и да е, не ми се допаѓа идејата само јас да носам пари во куќата.

Ова се разви во жестока дебата. Таа вели дека „не ги поддржувам нејзините соништа“, а никогаш порано не ги претставила нејзините соништа. Па, сега доаѓа делот каде што веројатно направив грешка. Во жарот на расправијата, и реков: “Од каде дојде ова, дали твојот сон е да бидеш домаќинка? Да бидеш мрзелива?”.

Тоа многу ја налути, отиде кај нејзината мајка и ми рече дека ќе разговараме кога ќе се смириме. Да бидам искрен, не сакам таа да биде домаќинка. Не сакам да бидам единствениот што заработува. Не сакам да го поддржам нејзиниот сон затоа што сакам партнер, а не личност која е зависна од мене – вели тој.

„Да сум на твое место, би размислил за брак“. Ако мојот сопруг сонуваше да се врати на колеџ или да започне бизнис, се разбира дека ќе го поддржев. Ако неговиот сон е да седи цел ден и да игра игри, се разбира дека ја нема мојата поддршка. Домаќинките не се паразити. Бев домаќинка и пред раѓањето на моите деца и завршив се што не беше поврзано со работата на мојот сопруг. Само јас готвев, чистев, се грижев за парите, ги плаќав сметките, ја одржував куќата и завршував се што му требаше на мојот сопруг. Ако навистина правите се темелно, нема да имате многу време да се излежавате“, напишала една домаќинка.

Можеби ќе ве интересира

Загина маж од Неготино откако бил удрен од товарен воз

M T

Исповед на маж за кој зборува “интернетот”: „Мојата девојка чува слики со бившиот во мобилниот“

M T

НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ: 4 работи што мажите ги паметат за една жена

M T

Мажот роден во овој хороскопски знак е ОГАН во кревет

M T

За ваков секс фантазира речиси секој маж

M T

Маж пронајден мртов на пат во селото Велгошти

M T