22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Децата тргнаа на училиште, советот за безбедност во сообраќајот апелира до возачите да ја намалат брзината

Со почетокот на учебната година, фрекфенцијата на возила и на пешаци во сообраќајот значително се зголемува. Согласно тоа, се зголемува и потребата за дополнителна доза внимателност од страна на сите учесници во сообраќајот, особено кога се движат во близина на училиште или на градинка.

Затоа, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот апелира до возачите да ја намалат брзината.

„Бидете внимателни, внимавајте на децата во сообраќајот и намалете ја брзината во близина на училишта и градинки. Внимавајте каде паркирате, затоа што неправилно паркираните возила ги прават децата не видливи во сообраќајот. Не заборавајте дека безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност на возрасните!“, порачуваат од советот.

Покрај тоа, РСБСП ги потсетува родителите дека тие се примерот на кој децата секојдневно се огледуваат. Личниот пример кој родителите им го даваат на децата во сообраќајот треба да биде безусловно и целосно почитување на правилата и прописите во сообраќајот и на тој начин всушност континуирано да ги наведуваат децата да бидат безбедни и одговорни во сообраќајот!

Статистичките податоци покажуваат дека децата многу често страдаат во сообраќајни незгоди како патници. Во таа насока, РСБСП потсетува на законската обврска според која, деца кои немаат полни 12 години, не смеат да се превезуваат на предното седиште, како и за обврската за користење сигурносен појас на сите седишта и детско седиште за деца на возраст до 5 години (дури и тогаш кога возењето трае кратко). Сообраќајните незгоди се случуваат тогаш кога најмалку очекувате, затоа, многу е важно секогаш да бидете заштитени вие и вашите најмили.

Покрај наведеното, РСБСП потенцира дека децата кои немаат полни 10 години не е безбедно да се оставаат сами да одат на училиште. Доколку од одредени причини се одлучите да го пуштете детето да оди само на училиште, потрудете се да биде барем во група од две до три деца. Во таква ситуација, секој одговорен родител должен е на своето дете да му го покаже и да му го повтори најбезбедниот пат од училиште до дома, да му посочи на детето за потенцијалните ризици и закани во сообраќајот и да му ги објасни и повтори најважните правила и прописи во сообраќајот.

РСБСП на сите ученици им посакува успешна учебна година и уште еднаш ги потсетува безбедно, внимателно и одговорно да учествуваат во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

4 хороскопски знаци кои се најпопустливи родители: Тие ја играат улогата на „добриот полицаец“

M T

МВР: Да ги заштитиме децата во сообраќајот! Безбедноста зависи од сите нас!

M T

Возачите да бидат внимателни, а децата запознаени со сообраќајните правила, апелира советот за безбедност во сообраќајот

M T

Совет на амбасадори: „Преговарачката рамка“ со Бугарија треба да биде реализирана од Брисел а не од Софија

M T

Совет злато вреден: Познат готвач откри трик за полесно подготвување храна

M T

НЕМА ВЕЌЕ ДИЛЕМА: Психолозите открија кој повеќе ги нервира жените – сопругот или децата?

M T