22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска во Пробиштип: Училиштата се подготвени за новата учебна година, вниманието е подеднакво насочено кон квалитетот на наставата и кон безбедноста на учениците и наставниците

Интензивна е комуникацијата со локалните самоуправи и со раководствата на училиштата пред стартот на новата учебна година, со цел сите да бидеме добро подготвени и повторно да ја вратиме наставата во училница, каде што впрочем има и најголем ефект не само по однос на знаењето на учениците, туку и по однос на нивната социјализација и правилен психофизички раст и развој. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на денешната посета на ОУ „Никола Карев“ во Пробиштип со цел увид во условите кои ги обезбеди училиштето за прием на ученици и настава со физичко присуство.

„Пандемијата трае, но не смееме да си дозволиме училиштата да бидат затворени на првиот ден од учебната година. Препораката на УНИЦЕФ па и на сите други организации кои работат на заштита и унапредување на правата на децата е јасна, тие треба први да се отворат, а последни да се затворат. Затоа што нема подобра опција за учениците од настава со физичко присуство. Ова е особено важно за нашите деца, затоа што влегуваме во година на крупни промени во образовниот систем, како што знаете, стартуваме со реформи во прво и четврто одделение, кои поинаку не би го достигнале проектираниот ефект, ако наставата се одвива преку некоја друга форма и нема непосредна интеракција со наставник – ученици“, рече Царовска.

Министерката додаде дека е задоволна од тоа што го видела при интензивните посети по општините и општинските училишта во текот на овој месец и цени дека училиштата се подготвени за квалитетна, но и за безбедна настава, која ќе значи добра едукација на децата, но истовремено и ќе биде заштитено нивното здравје, како и здравјето на наставниците.

„Училиштата беа навремено информирани за сите работи кои, покрај средствата за хигиена и заштита од вирусот, треба да ги набават за да имаме квалитетен воспитно – образовен процес и речиси сите го обезбедија тоа што е неопходно. Во многу училници старите зелени табли се заменети со интерактивни табли, набавени се нагледни средства, а како што знаете преку МОН се реализираше набавката на 10.000 таблет компјутери за ученици од четврто одделение кои потекнуваат од семејства во социјален ризик, за да можат да ги користат новите дигитални учебници. Ќе потсетам и дека во тек на набавка на опрема за кабинети по природни науки во над 260 училишта, а дистрибуцијата на учебниците, оние новите печатени од прво до трето одделение, но и одобрените за сите други одделение навремено започна и ќе заврши до 1 септември“, рече Царовска.

Во новата учебна година започнува етапно да се имплементира новата Концепција за основно образование која треба да обезбеди поквалитетна настава, поголема интеракција помеѓу наставниците и учениците и процес на учење со разбирање и развој на критичко мислење кај младите. За оваа цел, беа изработени нови наставни програми за прво и четврто одделение, а врз основа на истите се изработија и нови материјали за учење. За прв пат, учениците од четврто одделение ќе имаат на располагање дигитални материјали за учење, а истите се достапни и во аудио формат и печатени на Брајово писмо за учениците со оштетен вид.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

M T

СДСМ: Почеток на учебната година со поголеми плати за наставниците и инвестиции во образованието

M T

Шаќири: МОН годинава ќе реконструира четири училишта во Гостивар

M T

МОН: Почетокот на второто полугодие одложен за први февруари

M T

Томшиќ од МОН: Најдобро за учениците е училиштата да се отворени, наставниците покажаа одговорност со високиот степен на вакцинација

M T

Царовска се сретна со директорите на битолските училишта: Будно ја следиме состојбата со Ковид во училиштата, највисок приоритет е да останат безбедни и отворени што подолго

M T