10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Четири лица, меѓу кои и дете се повредени во сообраќајна несреќа помеѓу две возила и камион на локалниот пат кон Бутел

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа помеѓу два автомобила и камион што се случи вчера на локалниот пат од селото Љуботен кон населбата Бутел. Според информациите од полицијата, тешко повредена е 25-годишна скопјанка која управувала едно од возилата, а меѓу полесно повредените е и малолетно лице.

„Во несреќата учествувале патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Е.(25) од Скопје, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(25) од Скопје и товарно моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Х.М.(26) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.А., а со телесни повреди се здобиле Б.Е. и двајца сопатници од возилото „мерцедес“ – Н.А.(61) и едно малолетно лице, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники Мајка Тереза“, соопшти полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ПОВТОРНО ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОДАТ НАГОРЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје

ДЕСК

Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат избори, зошто не го исчистат градот сега?

C +