9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: Пензионерите се високо на нашата агенда и серозно пристапуваме кон изнаоѓање на најдобрите решенија

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со членовите на едно од најстарите и најбројни здруженија во државата, Здружението на пензионери од Битола. На средбата се разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочува највозрасната популација. Таа укажа дека секогаш пензионерите се високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика и дека затоа сериозно пристапува кон изнаоѓање на најдобри решенија.

„Говоревме за усогласување на пензиите, и за тоа дека Пензискиот фонд е стабилен, со што пензиите ќе течат редовно и ќе растат согласно законот. Тоа им гарантира сигурна егзистенција во нивните пензионерски денови. Исто така разговаравме за отворените прашања и за нивните дилеми, на кој начин треба да се подобри пензионерскиот стандард. Тема ни беше и сместувањето, односно вдомувањето на пензионерите, како еден од поголемите предизвици. И како локална самоуправа и како централна власт ние продолжуваме успешно да ја спроведуваме децентрализацијата на социјалните услуги. Тука спаѓа и грижата за највозрасните лица во нивните домови“, рече Шахпаска.

Според Шахпаска Општина Битола како локална самоуправа успеа да ги организира услуги нега и грижа за возрасните лица, преку Црвениот Крст и преку социјалната програма на општината.

Со членовите на Здружението на пензионери од Битола стана збор и за отворањето на дневни центри за стари лица. Пензионерите од Битола ја информираа министерката дека 70 проценти од лицата со над 70 години веќе се вакцинирани.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат, Сотир Лукровски ќе победи во Карпош

ДЕСК

ГАЛЕРИЈА: Еве колку народ се насобра на трибината на СДСМ и коалицијата во Прилеп

ДЕСК

Филипче до Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.