9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бектеши: Се инвестира и во малите места, без разлика колку луѓе живеат во одредено место

Министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети како и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи извршија увид во реконструкцијата на патниот правец Буковиќ-Раовиќ, кој е еден од 94-те проекти од ТАВ програмата за поддршка на општините. Се работи за пат долг шест километри со вкупна вредност на инвестицијата од 47 милиони денари.

„ За сите проекти кои покажаа економска оправданост предвидени се средства. Владата во соработка со компанијата ТАВ избраа проекти кои се во јавен интерес, како што се локални патишта, водовод и канализација, училишта, градинки и други проекти. Главната цел е со реализација на вакви проекти да го подобриме животот на граѓаните во сите општини низ државата. Во општина Сарај директно од програмата на ТАВ ќе се реализираат два проекти, а дополнително ќе се реализира и проект за изградба на спортска сала. Со ова покажавме дека локалната власт заедно со Владата може да реализираат проекти во краток рок. Општината аплицираше за овој проект и одобрени се средства за реконструкција на патот од село Буковиќ до Раовиќ, кој е во должина од шест километри. Вредноста е 47 милиони денари и ќе се прошири на одредени места и ќе има браници поради положбата на населеното место и за посигурно движење на граѓаните во овој предел. Ова е многу значаен проект за општина Сарај, и со ова се докажува дека и во малите населени места се инвестира и се грижиме за граѓаните без разлика на тоа колку луѓе живеат на одредено место. Изградбата на квалитетна патна инфраструктура за Министерството за транспорт и врски е приоритет над приоритетите и за жителите во овој регион ќе биде од голема важност и ќе влијае во подобрување на квалитетот на нивниот живот“, истакна од ДУИ.

Преку ТАВ Програмата потпишани се 94 договори, во вкупна вредност од 49,7 милиони евра, за реализација на инфраструктурни проекти во речиси сите општини во земјата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Македонската економија привлекува мултимилионски инвестиции

M T

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 14 %, раст на консолидираниот извоз од 20 %, со 127 нови вработувања во земјава и инвестиции од 8 милиони евра во периодот јануари – јуни 2022 г.

M T

Ковачевски – Бјерде: Се фокусираме на инвестиции во земјоделство и енергетика за забрзан економски раст

M T

АД ЕСМ-ЕБРД: Инвестиции во обновливи извори и зголемување на финансиската ликвидност на компанијата во енегретска криза

M T

Костадин Ацевски: Инвестициите во енергетиката спречија драстичен раст на цената на струјата, следува помош за најпогодените

M T

Шахпаска за Утрински брифинг: Оваа година МТСП имаше висока реализација на капиталните инвестиции, за наредната година обезбедивме двојно повеќе

M T