19. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

САД застанаа зад лидерството на Заев: Македонија е потврден и доверлив партнер

Заменик-државната секретарката на Стејт департментот на САД, Венди Шерман отворено ја поздравила заложбата на Македонија за прием на авганистански државјани како потврден и доверлив партнер на САД, информира македонската влада.

Владата соопшти дека премиерот Зоран Заев попладнево преку видео-врска разговарал со Шерман. На состанокот присуствувале и останатите сојузници како и претставници на НАТО.

На состанокот била разгледана моменталната безбедносна состојба во Авганистан и беа утврдени механизмите за евакуација на миротворното население кое 20 години ја негуваше демократијата во Авганистан, стои во соопштението на владата.

Заев ги информирал сојузниците дека Македонија одлучи да прифати околу 650 авганистански граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Ацевски го претстави тимот што ќе се бори за хуман развој на општина Ѓорче Петров

C +

СДСМ: Тошковски да поднесе оставка, партизираното МВР не ги штити животите на луѓето

C +

Два активни пожари во Гази Баба и Гевгелија, под контрола пожарот во „Дрисла“

C +