23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Граѓаните на прво место, просечната плата повисока за седум проценти

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, изнесува 107.0, односно просечната нето плата е за 7 отсто повисока отколку во јуни минатата година, додека бруто платата е повисока за 7,1 отсто.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25.1 %), Уметност, забава и рекреација (20.5 %) и Информации и комуникации (14.1 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.3 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (2.6 %) и Рударство и вадење на камен (1.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28 744 денари.