20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Со пасош или со потврда од МВР за лична карта ќе може да се вадат пари од банка

Надминат е проблемот во врска со непреченото користење на услугите и производите на банките и штедилниците од страна на граѓаните на коишто им е истечена важноста на личната карта.

Како документ за идентификација на банкарските клиенти, покрај личната карта може да биде земена предвид и патната исправа (пасош), а пак граѓаните коишто не поседуваат ниту валиден пасош или патна исправа со важност продолжена до 31.12.2021 година, за користење на услугите и производите на банката/штедилницата на којашто е клиент ќе може својот идентитет да го потврди врз основ на увид во матичниот број на граѓанинот наведен во потврдата издадена од Министерството за внатрешни работи дека е поднесено барање за издавање на нова лична карта и дека постапката за издавање е во тек. Конкретно, станува збор за потврдата којашто редовно се издава при аплицирање (фотографирање) за нова лична карта, соопшти Македонската банкарска асоцијација.

Оттаму додаваат дека сите банки и штедилници веднаш започнуваат да го применуваат ваквиот начин на идентификување на клиентите коишто немаат валидна (важечка) лична карта, овозможувајќи им непречено користење на своите услуги и производи.

„ Истовремено ја известуваме јавноста дека согласно со добиеното мислење од Управата за финансиско разузнавање, банките и штедилниците се должни за клиентите коишто во моментот немаат ниту валидна лична карта ниту валидна патна исправа, во најкус можен рок од моментот на добивањето на важечка лична карта или патна исправа, да направат ажурирање на документите и податоците за клиентот. Оттука, клиентите коишто во моментот немаат ниту важечка лична карта ниту важечка патна исправа (пасош), по добивањето на нов документ треба да ја контактираат својата банка / штедилница, со цел навремено ажурирање на податоците“ се наведува од МБА.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СЕ ИСПОЛНУВА СОНОТ НА СЕКОЈ ИСЕЛЕНИК ОД БАЛКАНОТ: Германија планира да го олесни процесот за добивање државјанство

CENTAR MKD

Народната банка започна со редовно објавување податоци за зеленото финансирање

M T

Европска банка за развој: Економијата на Украина ќе падне за 30 отсто оваа година

M T

Јапонскиот пасош најмоќен во светот, македонскиот на 42-то место

M T

Грција ja вметнува и личната карта во ковид апликација

M T

Американски дипломат притворен во Истанбул поради продажба на пасош

M T