26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Архива
МАКЕДОНИЈА

Инспектори на УЈП нападнати додека вршеле контрола во угостителски објект – вработените им го искинале записникот

Вработени во угостителски објект во с. Долно Коњско во близина на Охрид, добија кривични пријави бидејќи на инспектори на УЈП им ги одзеле легитимациите и им ги оштетиле, а записникот од извршената контрола го искинале.

„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(41) и М.Н.(46) од Охрид и А.К.(25) с.Долно Коњско, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 01.08.2021, службени лица од УЈП вршеле инспекциски надзор во угостителски објект на ул.„Партизанска“, при што констатирале прекршок според „Законот за регистрирање готовински плаќања“ и согласно тоа изготвиле платен налог според „Законот за прекршоци“. Притоа, пријавените им ги одзеле службените документи на службените лица и ги оштетиле, а записникот и платниот налог ги искинале. Исто така, ги спречиле службените лица да го завршат инспекцискиот надзор“ соопшти МВР.