6. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска за ТВ Клан: Отворањето на училиштата со физичко присуство е најдобра опција за учениците, заеднички да ги почитуваме протоколите за заштита на здравјето

Од први септември наставата ја започнуваме со физичко присуство во сите училишта, за што Владата веќе донесе одлука и се подготвени потребните протоколи за заштита на здравјето. Отворањето на училиштата е во најдобар интерес за учениците, а истото е препорака и на УНИЦЕФ и на ОЕЦД. Најдобар начин за да го заштитиме и менталното здравје и да го одржиме нивото на квалитет на наставата и социјализацијата на учениците, е учениците да се во училница и ние тоа ќе го направиме во оваа учебна година, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во интервју за ТВ Клан.

„Апелирам протоколите за настава со физичко присуство во основно и средно образование, доследно да се почитуваат од сите ученици. Родителите да им ги посочуваат протоколите и дома кога разговараат со своите деца, наставниците исто така да ги почитуваат и секојдневно да ги потсетуваат учениците дека протоколите се важни за сите нас“, рече Царовска.

Министерката посочи дека предвидени се и исклучоци поради кои на дел од учениците ќе им се овозможи следење на онлајн настава.

„Исклучоци од физичката настава ќе има за ученици кои во семејството односно домаќинството имаат хронична болест, или самиот ученик боледува од хронична болест , или поради не медицински причини, за што одлука ќе носи самото училиште, ако има добра аргументација за истото. Со ова се дава можност за тие кои се повеќе во здравствен ризик да речеме да може да следат онлајн настава во текот на целата учебна година“, рече Царовска.

Министерката посочи дека ако епидемиолошката состојба се промени, тогаш МОН е подготвено за лесна и брза промена на моделот на настава со некое од резервните сценарија со кое секако ќе се обезбеди континуитет во образовниот процес.

Царовски потсети дека минатата година училиштата кои работеа со физичко присуство и со почитување на протоколите не беа трансмитери на вирусот, што го потврди и Комисијата за заштита на заразни болести. Бројот на позитивни случаи кај наставниците изнесуваше околу 1% од вкупниот кадар, а кај учениците 0,06 %.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

M T

Шаќири: МОН годинава ќе реконструира четири училишта во Гостивар

M T

Собранието е повторно отворено за посети со физичко присуство

M T

Томшиќ од МОН: Најдобро за учениците е училиштата да се отворени, наставниците покажаа одговорност со високиот степен на вакцинација

M T

Царовска: Остануваме на настава со физичко присуство, состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна

M T

Царовска се сретна со директорите на битолските училишта: Будно ја следиме состојбата со Ковид во училиштата, највисок приоритет е да останат безбедни и отворени што подолго

M T