Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На ГП Табановце и Богородица се чека околу 45 минути

На граничниот премин Табановце и Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 45 минути од македонска страна, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Времето повторно изненадува – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Трагедија во Прилеп – Донесено во болница починато бебе на возраст од осум дена

ДЕСК

Млада битолчанка погодена со тврд предмет на ракометен натпревар

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.