7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

128 сообраќајни прекршоци во Скопје, 52 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 128 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, три за минување на затворен семафор (црвено светло), три прекршоци што ги чинат пешаците, три за возење под дејство на алкохол, 32 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК