Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОРвест

Краткотрајно невреме со помали штети во Град Скопје – Десетина паднати дрвја, неколку оштетени автомобили

Краткотрајното невреме кое го погоди скопскиот регион предизвика мали штети во Скопје:

– Прекин на електричната енергија во делови на Центар и Аеродром;

– Прекин на телекомуникациската мрежа во неколку скопски населби;

– Десетина паднати дрвја и неколку оштетени автомобили.

Град Скопје соопштува дека се проодни сите подвозници и дека екипи на јавните градски претпријатија работат на поединечни локации.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на расчистување на дрвјата, додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ на отстранување на проблеми со атмосферската канализација.

Можеби ќе ве интересира

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова со директна поддршка на Горан Герасимовски за втор градоначалнички мандат

ДЕСК

Сите училишта во Карпош имаат фотоволтаични системи

ДЕСК

Д-р Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

ДЕСК