25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: „После Охрид“ нашата земја гради зрели политики – наместо конфликти, разговараме за економски напредок

 

„’После Охрид’ нашата земја гради зреди политики. Наместо конфликти, разговараме за унапредување за економски напредок во нашата земја и унапредување на добрососедските односи“ кажа премиерот Зоран Заев на Свечената академија по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор.

Тој додаде дека во изминатиот период, кога земјата се соочи со недостаток на вакцини, а и деновиве кога, како и поголемиот дел од Европа и земјава беше зафатена од пожари, солидарноста, заедништвото и пријтелството беа покажани на дело на највиско ниво.

„Заедно со нашите соседи, создаваме ‘Отворен Балкан’, надминувајќи ги сите препреки и ослободувајќи ги сите идеи за слободно поврзување на сите наши граѓани. Нашите идеи за заедништво, за помагање, слободно движење и слободно мислење ја имаат најдобрата реализација“ кажа Заев.

Премиерот кажа дека остава аманет да се чува тоа што заедно е постигнато во овие 20 години и да бидеме благодарни на современиот свет од кој многу учиме и многу ни помага.

„А ние имаме што да му подариме и на западниот свет. Тоа е нашиот начин – како најдовме решение на горливи прашања, како тоа го организиравме, како тоа го осовременуваме и усовршуваме почнувајќи од Охридскиот договор и поттикот од тој договор за постигнување на другите два договори, оној со Бугарија и секако Договорот од Преспа. Дијалогот, дипломатијата меѓусебното разбирање, солидарноста и тоа како можеме да ги споделиме и да им ги поклониме на многу поразвиени земји коишто за жал ги имаат предизвиците кои еве Северна Македонија ги имала многу поназад“ кажа Заев.