Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот на патниот правец Велес – Штип се одвива по една коловозна лента

АМСМ соопшти дека од 18.15 часот сообраќајот на патниот правец Велес – Штип се одвива по една коловозна лента. Претходно, АМСМ извести дека од 17:45 часот во прекин е патниот правец Велес-Штип кај Градска депонија поради намалена видливост од пожар.

Од 16 часот во прекин е и патниот правец Кочани-Виница-Берово, исто така поради намалена видливост од пожар.

На граничните премини нема подолги задржувања, освен на Табановце каде поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути.

*фотографијата е само од илустративен карактер

Можеби ќе ве интересира

Зимата „заборави“ да дојде: Денови со пролетни температури – временска прогноза до крајот на неделата

ДЕСК

Министерот Тошковски во Брисел: Македонија ја потврдува посветеноста во борбата против криумчарењето мигранти

ДЕСК

Исчезна 13-годишно девојче од Скопје – полицијата трага

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.