Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Велес-Штип

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Велес-Штип, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. Претходно, од АМСМ известија дека овој патен правец е затворен од 17:45, поради намалена видливост од пожар кај Градската депонија. Од 18:15 часот, сообраќајот на патот Велес-Штип се одвиваше по една коловозна лента.

Од АМСМ, исто така, информираа дека поради намалена видливост од пожар, од 16 часот во прекин е и патниот правец Кочани-Виница-Берово.

АМСМ, меѓу другото, известува дека на граничниот премин Табановце поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Можеби ќе ве интересира

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК

ТЕЖОК СЛУЧАЈ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ: Во дом пронајдена почината педесет и деветгодишна жена

ДЕСК

ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ: Полицијата постапувала на различни локации низ градот

ДЕСК