23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Жестока дебата на социјалните мрежи за пожарите: Откако Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ почна да дели ум, доби жесток одговор од Богданка Кузеска од СДСМ

На социјалните мрежи врие на тема пожари во Македонија.

Откако денес директорот на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорги Галетановски напиша статус во кој порачува “Си играте со човечки судбини. И тие што палите намерно и тие што се ситите на пожарите. Освен најтешки казни и господ ќе ви суди”, се јави и Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ, кој му реплицираше на Галетановски со следниот коментар:

-Абе фатете се за работа не делете памет и побарајте што ви треба човечки капацитет да ви се помогне, пола држава и пола градови ви изгореа”

Оваа порака наиде на жестоки реакции. Особено најжестока во одговорот беше портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска која порача:
– Dimsa “да ВИ се помогне”!? “Пола држава ВИ изгоре”?!
Не е твоја? Каде живееш ти?

Институциите се на сите граѓани, пожарите се опасност за сите еднакво. И треба да се побара да се помогне?!
Зарем не е тоа повик од внатре кој доаѓа и ти вели дека треба да се помогне?

Или како со докторите за кои велевте “еве и ние ќе ги дадеме НАШИТЕ доктори” на сред најтешка здравствена криза, па така и сега.
Доста веќе ги делите луѓето и во ваквите несреќи се служите со мое – твое, ваше – наше….
Не ми се верува што читам…”, порача Кузеска.