22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Изградбата на новиот мост на Булеварот АСНОМ во Аеродром е во полн ек

Изградбата на новиот мост на реката Вардар во Аеродром, на булеварот АСНОМ, е во полн ек. Општините Аеродром, Гази Баба и Центар наскоро ќе бидат поврзани со нов мост и модерно булеварско решение што ќе го релаксира сообраќајот во овој дел од Скопје. Пред неколку дена булеварот АСНОМ почна да се гради и пробива и низ населбата Ќерамидница, кон Аеродром.

Новиот премин преку Вардар ќе ги поврзе улицата Васко Карангелевски во Аеродром со улицата Индустриска во населбата Ќерамидница, во Гази Баба. Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри. Самиот мост ќе биде долг 150 метри, со 6 коловозни ленти, како и велосипедски и пешачки патеки од двете страни.

По изградбата на новиот мост и пробивањето на новиот коридор, граѓаните од Ново Лисиче до Судска палата со автомобил ќе стигнуваат за 5 минути, со автобус за 10 минути, со велосипед за 18 минути, а со пешачење за 35 минути. По овој мост ќе сообраќаат и нови автобуски линии кои дополнително ќе го намалат сообраќајниот метеж.

Пред неколку дена, булеварот АСНОМ почна да се гради и пробива и низ населбата Ќерамидница, кон Аеродром. Третата и последна фаза од изградбата на новиот булевар АСНОМ опфаќа изградба на булевар на потегот од крстосницата со булеварот Гоце Делчев до објектот на поранешен Пролетер во населбата Ќерамидница. Согласно со проектот, оваа фаза опфаќа реконструкција и изградба на дел од булеварот во должина од 317 метри. Реализацијата на овој проект и градежните работи ќе се одвиваат согласно со динамиката на експропријацијата на имотите кои се на неговата траса.

И во овој дел е предвидено модерно булеварско решение со по 3 коловозни ленти во двата правци, странично и средишно зеленило, пешачки и велосипедски патеки и модерно ЛЕД осветлување.

За потсетување, во мај 2020 година целосно беше реконструиран и проширен булеварот АСНОМ на потегот од крстосницата со улица Васко Карангелевски до крстосницата со булевар Србија кај мостот Близнак. Проширениот булевар во Аеродром сега има по 3 коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот и средишно зеленило.

Градот Скопје продолжува да гради по план изнаоѓајќи сообраќајни решенија што ќе обезбедат одржлива урбана мобилност за граѓаните, а тоа ќе значи побрз, поефикасен, побезбеден и поеколошки сообраќај во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ: Со изградбата на бул. Борис Трајковски, Драчево конечно добива брза врска со остатокот од градот

M T

ШИЛЕГОВ: Новиот мост на булевар АСНОМ се отвора за еден месец

M T

НУРЕДИНИ: Од денес започнува изградбата на канализационата мрежа во Камењане

M T

Изградба на автопатот Кичево-Охрид до 2023

M T

Аеродром добива ново сообраќајно решение – Почна пробивањето и изградбата на Васко Карангелески

M T

Булевар АСНОМ почна да се гради и пробива низ Керамидница кон Аеродром

M T