22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

72-годишен битолчанец извршил полов напад врз десетгодишно девојче

Маж од Битола на возраст од 72 години е осомничен дека сторил полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, соопшти полицијата.

На 1 август, во неговиот дом во Битола, осомничениот извршил други полови дејствија врз девојче родено 2011 година. Вознемирено, девојчето се расплакало и го напуштило станот.

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 72 години, осомничено дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Ценејќи дека постојат законските основи, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена како мерка за негово обезбедување во текот на постапката.​

Можеби ќе ве интересира

Тешко повредено малолетно девојче во Скопје, откако во неа удрил автомобил

M T

Малолетници киднапирале и нападнале девојче во Шуто Оризари

M T

40-годишен маж од Прилеп извршил полов напад врз 13-годишно девојче од Градско

M T

Родени милионери: Три хороскопски знаци предодредени за богатство

CENTAR MKD

Од својот дом се оддалечи 14 годишно девојче од Скопје, полицијата трага

CENTAR MKD