Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ужас: Битолчанец се обидел да силува девојче родено 2011-та година

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 72 години, осомничено дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 од Кривичниот законик.

На 1 август, во неговиот дом во Битола, осомничениот извршил други полови дејствија врз девојче родено 2011 година. Вознемирено, девојчето се расплакало и го напуштило станот.

Ценејќи дека постојат законските основи, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување мерка притвор.

Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена како мерка за негово обезбедување во текот на постапката.​

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК