Градот Скопје продолжува да гради со засилено темпо и ја почна летната градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици и булевари. Во периодов градежни работи има на 11 локации низ градот, во неколку скопски општини.
Градежните работи се во тек на:
• Булевар АСНОМ, од булеварот Гоце Делчев до влезот во Ќерамидница, на должина од 300 метри;
• Улица Васко Карангелевски, на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада, на должина од 1.000 метри; и на
• Раскрсница на улицата Скупи и булеварот 8.Септември, раскрсница на булеварот 8.Септември и булеварот Никола Карев и раскрсница на булевар Никола Карев и булевар Словенија (капиталниот проект за изградба на два кружни тека, подвозници и надвозници кај Момин поток).
• Булевар Борис Трајковски, на потегот од Пинтија до Драчево, на должина од 2.000 метри;
• Улица Лука Геров, на потегот од кружниот тек кај пожарната до улицата Волковска, на должина од 1.800 метри;
• Булевар Киро Глигоров, од булеварот АСНОМ до булеварот Александар Македонски, на должина од 500 метри;
• Изградба и пробивање на улица Есенинова, од бул. Борис Трајковски до бул. Трета македонска бригада.
• Улица Индира Ганди, втора фаза до обиколницата, на должина од 800 метри;
Во наредниве денови треба да започне и реконструкцијата на:
• Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, на потегот од булеварот Свети Климент Охридски до кружниот тек кај Католичка, на должина од 530 метри;
• Улица Бутелска, на потегот од улицата Александар Урдаревски до обиколницата, на должина од 850 метри;
• Булевар Кузман Јосифовски Питу, на потегот од новата железничка станица до булеварот Кочо Рацин;
• Булевар Крсте Мисирков, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до булеварот Гоце Делчев, на должина од 650 метри;
Градот Скопје упатува благодарност до граѓаните кои имаат разбирање и трпение кое е неопходно за во исто време да се реконструираат толку голем број улици и булевари во различни општини. Екипите коишто работат на реконструкциите се трудат да ги изведуваат брзо, во рекордно кратки рокови, со внимателно планирање на привремените сообраќајни режими за да се обезбеди оптимална брзина и безбедност за сите учесници во сообраќајот.
За потсетување, во текот на есенската градежна офанзива на Град Скопје, пред крајот на 2020 година, беа обновени многубројни сообраќајници во повеќе скопски општини, со посебен акцент на реконструкцијата на источниот влез во градот.