23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Поскапуваат горивата: Дизелот ќе се продава за 3,5 денари повеќе, додека бензинот за 2 денари

Големо поскапување на горивата од полноќ. Дизелот ќе се зголеми за 3,5 денари за литар, додека бензините за 2 денари по литар. Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,5 денари, со што цената на нафтените деривати се зголемува во просек за 3,36%.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува по 63,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 73, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 75 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,101 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,981 денари.