22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Прослава на Илинден на Мечкин Камен во Крушево

Денеска се празнува 2 Август – Денот на Републиката. Ден со кој на Илинден во 1903 година – со Илинденското востание и Крушевската република, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со АСНОМ – Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија, беа поставени столбовите на Републиката и на државноста.

Централната свеченост ќе се одржи на Мечкин Камен во Крушево, со почеток во 18 часот со полагање цвеќе од претседателот Стево Пендаровски и бројни делегации.

Во продолжение ќе следува културно-уметничка програма на која ќе настапат Ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, Ансамблот на албански народни ора и песни во Република Северна Македонија, Влатко Стефановски и настап на воениот оркестар на Армијата. Во рамки на културно-уметничката програма, Никола Ристановски ќе одржи пригодна реч со пораки за Илинден.

Пред централната свеченост на Мечкин Камен, во 10:20 часот во Крушево, претседателот Пендаровски ќе присуствува на панихида за загинатите Илинденци во црквата „Св. Никола“, ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев и ќе присуствува на програма подготвена од баталјонот за почести на Армијата пред споменикот „Македониум“. Претседателот Пендаровски ќе ги предводи делегациите на полагањето свежо цвеќе и на Споменикот на хероите на месноста „Слива“.

Делегации од Кабинетот на претседателот ќе присуствувааат на чествувањата по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката во Скопје, Пелинце и во Смилево.

Можеби ќе ве интересира

Централна прослава во Скопје по повод Денот на независноста – 8 Септември

M T

СДСМ: Илинден е нашата сила за иднината

M T

Костадиновска-Стојчевска во работна посета на Крушево

M T

Без струја дел од Аеродром, а утре дел од Илинден

M T

Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот

M T

Делегација на Град Скопје положи цвеќе по повод Илинден

M T