22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба Шекеринска – Ериксен: Интегритетот во работењето е врвен приоритет

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска имаше средба со Свеин Ериксен од Центарот за интегритет на Норвешка, со кој Министерството активно соработува во градењето интегритет во одбранбениот сектор и изработката на втор План за интегритет во периодот 2021-2024 година. Ериксен е меѓународен експерт со долгогодишно искуство и е добар познавач на состојбите во одбраната во балканските земји.

„Министерството за одбрана и Северна Македонија се исклучително посветени на градењето интегритет и борбата против корупцијата. Министерството е институција со највисока активна транспарентност во државата, со исполнување на 100 проценти од критериумите. Целосната транспарентност ја практикуваме и во јавните набавки со што оневозможуваме какво било можно коруптивно однесување. Градењето политики за интегритет е врвен приоритет во нашето работење“, рече министерката Шекеринска на средбата.

Таа се заблагодари на експертите на норвешкиот Центар за интегритет за посветеноста и отвореноста за помош и поддршка при изработката на Планот за интегритет 2021 – 2024 кој е во финална фаза на изработка.

„Вие и вашите експерти, заедно со експертите од Министерството изработивте документ кој претставува патоказ за континуирано градење на интегритет во системот на одбраната. Ви благодарам за отвореноста и за интересот да продолжите да нè поддржувате во оваа област“, рече министерката.

Ериксен изрази задоволство од соработката со Министерството за одбрана и ја потврди заложбата на Кралството Норвешка за поддршка за унапредување на институционалниот интегритет на Министерството.

Минатата година, Транспаренси Интернешнл ја рангираше нашата земја на високото второ место според интегритетот на работењето во одбраната. Зад Северна Македонија се сите земји од регионот, четири земји кои веќе се членки на Европската Унија и шест земји кои се постари членки на НАТО.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Ковачевски ќе одржи средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски

M T

Средба Османи – Касулидес

M T

Средба на Грковска со романската амбасадорка Аксинте: Унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Романија, посебно во областа на креирање на антикорупциски политики

M T

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

M T

Реализирана билатерална средба на министерот Спасовски со неговиот романски колега Боде, на која беа потпишани и два документа за зацврстување на соработката

M T

Грковска и Тренчевска на средба со Сојузот на борци од НОАВМ: Значајно е место на борците во општествениот живот, ги одржуваат сеќавањата на историските придобивки

M T