22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Милевски: Потпишани договори за 12 нови проекти за прекугранична соработка со Бугарија и Косово

Со 12 грантисти од земјава, Министерството за локална самоуправа денеска потпиша договори за кофинансирање на 12 нови проекти вредни 3,6 милиони евра преку ИПА-програмата на Европската Унија за прекугранична соработка.

„Денеска со претставници на граѓанскиот сектор, на општините и на два Центри за развој, Министерството за локална самоуправа потпиша договори за кофинансирање на 12 нови проекти за прекугранична соработка. Вкупната вредност на проектите е 3,6 милиони евра, од кои 337 илјади евра се за кофинансирање. Средствата за кофинансирање ги обезбедува Министерството за локална самоуправа. На овој начин ние ја преземаме обврската и го покриваме целото кофинансирање наместо апликантите коишто секогаш не се во можност да ги издвојат овие средства за да реализираат добар проект. Ова е услов за да се користат средствата од ИПА-инструментот на Европската Унија и засега оваа наше партнерство функционира добро и дава резултати“, истакна министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Тој појасни дека осум проекти ќе бидат финансирани од Програмата за прекугранична соработка со Бугарија во вкупна вредност од 2.7 милиони евра и 4 проекти од Програмата за прекугранична соработка со Косово во вкупна вредност 900 илјади евра.

„Ако на почетокот најголемиот број апликанти беа од граѓанскиот сектор, радува фактот што сега се повеќе проекти подготвуваат и општините и јавните претпријатија. Денеска договори за кофинансирање ќе потпишеме со 2 граѓански организации, од Македонска Каменица и од Скопје, со 2 јавни претпријатија од Македонска Каменица и од Куманово, како и со општините Карбинци, Берово, Куманово, Штип, Гази Баба, Крива Паланка и со Центрите за развој на Југоисточниот и на Североисточниот Плански Регион“, вели Милевски.

Можеби ќе ве интересира

Нуредини: Се раскинуваат Договорите за концесија за седум мали хидроелектрични централи во Националниот парк Шар Планина

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

M T

СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, референдумот е поради негови лични и партиски цели и нема да успее

M T

Каевски: Референдумот на Мицкоски е против ЕУ, против македонски јазик, македонски идентитет и нема да успее

M T

Богоев: Нашата земја има план А, членство во НАТО и ЕУ, се друго е спротивно на државниот интерес

M T