За да покажеме што направивме, јас секогаш велам дека за да гледаме кон иднината треба да видиме каде бевме, рече на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Битола, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и министер за економија.
-Во 2016 година зборувавме како државата е заробена затоа што беа потрошени 250 милиони евра за да се креираат 15.000 работни места, ние во четрири години владеење обезбедевме 90.000 места за само 75 милиони евра, и донесовме одлука на креирање работни места кои не се сиромашни места со плата од 9000 денари кои во владеењето на СДСМ станаа 15.200 денари и просечна од 29.000 денари, рече тој.
Битиќи потсети дека ВМРО-ДПМНЕ постојано повторуваа дека со зголемувањето на минималната плата ќе крахира економијата, но според него тоа не се случи еве и под две години и во време на пандемија.
-Рекоа дека ќе ја направата просечната плата од 750 евра но не кажаа дали тоа е бруто или нето,ние за три месеци ќе стигнеме до нето плата од 750 евра, нешто што и го најавивме. Буквално на 1200 денари сме од разликата од 30.000 денари просечна плата, рече Битиќи.
Тој рече дека градот не се сака со зборови туку само со работа.
-Поттикнуваме креирање на нови рабнотни места, но платите да бидат минимум 50 отсто над минималната плата. Замислете ВМРО –ДПМНЕ користеа ваши пари за да отворат работни места каде ќе земате плата од 9.000 денари, но сега се сменија условите, а ние бараме да биде минимланата плата повеке од 22.500 денари, можеби не е доволно, но секако е повеќе, рече тој.