Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ахмети до координаторката на ОН: Статусот на Охрид во УНЕСКО е наш најголем приоритет

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска остварил средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Росана Дуџак.

Како што информираат од партијата, на средбата Ахмети ја запознал Дуџак со зелената агенда на ДУИ, за која посочил дека сега е еден од столбовите на партијата.

Во оваа насока, Ахмети зборувал и за статусот на градот Охрид во УНЕСКО.

„Охридското прашање е најголем приоритет на Република Северна Македонија, а државата веќе има усвоено ефективни законски решенија со цел да го заштити, како и механизми за нивно спроведување“, посочил лидерот на ДУИ.

Од партијата информираат дека на средбата станало збор и за спроведувањето на големите проекти како што е етничката
еднаквост, членството на земјата во НАТО и добивањето на зелено светло што е можно поскоро за започнување на преговорите со ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.