14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поради протест, утре ќе бидат затворени неколку улици во Скопје

Министерството за внатрешни работи известува дека на подрачјето на Скопје утре, 23 јули, во временскиот период од 18.45 часот до 20.30 часот, поради протестен марш, ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот.

Почетокот на протестот е најавен од 18.45 часот пред Министерство за надворешни работи, на ул.„Филип Втори Македонски”, па по ул.„11 Октомври”, ул.„Димитрие Чуповски”, ул.„Васил Главинов“, потоа по бул.„ВМРО” и бул.„Илинден” (пред Владата на Република Северна Македонија) до завршување на протестот најавено за 20.30 часот.

Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ ИМА ОСВЕЖУВАЊЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Почина оперската дива Милка Ефтимова

C +

Стејт департментот: Нема значителни промени во состојбата со човековите права во Северна Македонија

C +