8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Автомобил управуван од малолетник се судри со мотор, повредени се две лица

Шестнаесетгодишно дете управувајќи автомобил се судри со мотор, пришто повредени се две лица.

Сообраќајната несреќа се случи вчера на крстосницата од улицата „Македонско-косовска бригада“ и улицата „Втора македонска бригада“.

„Во сообраќајната незгода учествуваа патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Блаце, скопско, и мотоцикл „лифан“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Х.(23) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот, Џ.Х.(23) од Скопје, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата.

Можеби ќе ве интересира

ВНИМАВАЈТЕ НА ОВИЕ РАБОТИ ДОДЕКА ВОЗИТЕ: Полицијата ЗАСИЛЕНО ќе пишува казни од 6-ти до 12-ти октомври

ДЕСК

Полицијата апси возачи во алкохолизирана состојба – маж бил фатен со 3,02 промили алкохол во организмот

ДЕСК

Претрес во Струмица, уапсено едно лице

ДЕСК