23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Северна Македонија веќе не е атрактивна земја за нелегално преминување на мигранти

Стратешкиот план на министерството за внатрешни работи е намалување на криминалитетот, а состојбата во Република Северна Македонија можеме генерално да ја оцениме со мирна и стабилна без тенденција да се влошува, рече во гостувањето на МТВ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Ако ги споредиме периодите јануари-јули 2020 и истите месеци во 2021 година, криминалитетот  се намалил за 10,8 проценти. Според нашите анализи стапката на криминал на 100 илјади жители сега е 569 дела, а лани  во иститот  период 630 дела на 100 илјади жители, а тоа покажува зголемена проактивиност на полицијата, појасни Спасовски.

Тој рече дека исто така се бележи намалување на криминалот поврзан со  дрога и наркотични средства, оружје, илегалната миграција но и и потрагите по потерници.

-Има навистина добри резултати на полицијата, во овој период се сузбија две криминални групи со 16 члена и 8 меѓународни транспорти на дрога,од  јануари до  јули откриени се 77 кривични дела со 84 сторители во однос на поседувањето и трговија со нелегално оружје, рече тој.

Според Спасовски во делот на илегалните мигранти откриена е  13- члена организирана група која во подолг временски период илегално пренесувале мигранти од Блискиот исток преку Грција во Македонија.

-Ваквите акции, кои постојано траат го јакнат кредибилитетот на државата затоа што низ западно банканската рута нашата земја е веќе обележана како земја каде тешко се поминува, значи веќе не е атрактивна за нелегално преминување.  Од 2015 година спроведуваме полициска акција на јужната граница каде се работи организирано со земји од ЕУ со колеги од различни земји и тоа дава резултати, рече Спасовски.

Тој особено ја истакна оперативната група на МВР која ја спроведува стратешката целда се пронајдат  и изведат пред правда сите лица кои се бараат по централни и меѓународни потерници.

-Во изминатиот период 251 лице лишено од слобода, а досега од септември 2020 година 479 лица се уапсени барани по централни и меѓународни потерници,  од кои 50 тина лица се топ приоритет на МВР и на државата или се бараат повеќе години.Пред 10 тина дена имаше апсење на лице кое се криело 17 години, заслужува и внимание и признание оперативната група, рече Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија

M T

Приведени криумчари на мигранти

M T

Приведен криумчар на мигранти

M T

Приведен криумчар од радовишко, превезувал 88 мигранти

M T

Приведен криумчар, пронајдени шест лица мигранти

M T

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Пакистан

M T