15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Автомобил се судри со товарен воз, едно лице е тешко повредено

Четириесет и шестгодишен велешанец со тешки повреди е пренесен во болница откако со автомобилот се судри со товарен воз.

Според информациите од полицијата, настанот се случил вчера напладне, на пругата помеѓу железничките станици Велес и Чашка, поточно на патен премин кај селото Горно Оризари.

Товарниот воз сообраќал на релација Прилеп-Трубарево.

Извршен бил увид на местото на незгодата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со конструктивни предлози до институциите како да се меенаџира кризата во Трубарево

C +

Филипче со конкретен план по хаваријата во Трубарево: Медицински прегледи и лабораториски анализи дел од препораките

C +

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

C +