Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Успешно извршена реплантација на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија успешно е направена реплантација на десна подлактица . Оваа комплексна интервенција беше изведена од тим на хирурзи и анестезиолози: Од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија:Доц.д-р Софија Пејкова, Д-р Бисера Николовска, Д-р Гордана Георгиева, Од Универзитетската клиника за кардиохиругија: Д-р Мишел Андов, Од Универзитетската клиника за трауматологија Д-р Игор Мерџановски, од Универзитетската клиника за анестезија реанимација и интензивно лекување Д-р Јасна Бушиноска. Исто така, тимот беше во постојана комуникација со Проф. Д-р Оскар Азман, пластичен хирург од Медицинскиот универзитет во Виена и визитинг професор на Медицински факултет од Скопје.

Реплантацијата на горен екстремитет е една од најкомплексните хируршки интервенции која вклучува остеосинтеза на коските, реваскуларизација-анастомиоза на артерии и на вени, реконструкција на нервите и на мускуло-тетивниот апарат и реконструкција на мекоткивната покривка .

Пациентот беше самоповреден со моторна пила, примен на Кл. За пластична хириргија во хеморагичен шок неколку часа по повредата. Веднаш по приемот се организираше тимот и се направи хируршката интервенција бидејки кај овој тип на операции има мал временски прозорец за интервенција (до 6 часа од повреда).

Пациентот го примивме со ампутирана десна рака а денес го испраќаме среќен и задоволен дома со две раце. Чуството кога пациентот ќе ти ја подаде раката да се збогувате е бесценето. Тимската работа и посветеноста на персоналот секогаш дава успешни резултати. Оваа соработка ќе ја продолжиме и понатаму.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +