Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Мицкоски ветува  поевтина струја, а ВМРО-ДПМНЕ го блокира законот за намалување на ДДВ-то

Предлог- законот со кој ДДВ-то за електрична енергија треба да се намали од 18 на 5 проценти утре на гласање пред пратениците. Но тие и веднаш да го донесат сепак јулските сметки за струја за граѓаните ќе бидат повисоки бидејќи досега опозициската ВМРО-ДПМНЕ го блокираше во Собранието.

 Од 1 јули важи повисоката цена на струјата од 12,3 проценти која ја одобри Регулаторна. Но, не се реализираше на време планот на владата ударот врз домаќинствата да се амортизира со пониското ДДВ кое најавата беше од 1 јули да падне од 18 на 5 проценти. Тоа значи дека од почетокот на месецов до датумот кога Законот ќе стапи на сила граѓаните ќе плаќаат повисока цена за киловат час и 18 проценти ДДВ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери потврди дека утре во 13 часот ќе ја продолжи 45-тата седницата на која треба да се донесе и овој закон кој беше предложен по скратена постапка. Џафери вели ако пратенците брзо го донесат тој веднаш ќе го прати кај претседателот Пендаровски да го потпише Указот. Потоа треба да се објави во Службен весник, со што ќе почне неговата примена.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го поддржи законот, но прашува зошто до сега се чекаше?

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во меѓувреме на средба со граѓаните во Гази Баба, започна со акција, односно презентација на „политиките Македонија за сите луѓе“најави поевтинување на струјата и на горивата.

Можеби ќе ве интересира

АХВ започна со втората овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило

ДЕСК

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод празникот Свети Климент Охридски

ДЕСК

Манасиевски: Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и стручни лица

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.