Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

122 санкционирани возачи на мотоцикли на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (11.07.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 122 возачи. Од нив, 74 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 27 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка меѓу трактор и фолксваген – има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка меѓу камион и автомобил на автопатот Пријателство – има повредени

ДЕСК

Серија апсења на повеќе локации низ Републиката

ДЕСК