Centar.mk
ТЕХНОЛОГИЈА

„Амазон“ утрово беше недостапен низ целиот свет

Онлајн купувачите ширум светот утрово пријавија проблеми со пристапот до мрежните продавници на платформата „Амазон“, а компанијата објави дека во меѓувреме го решиле проблемот.

Според веб-страницата „Даун Детектор“, онлајн услугите на „Амазон“ биле прекинати скоро два часа, а повеќе од 38.000 корисници објавија дека имаат проблеми со пристапот до онлајн продавниците на „Амазон“.

Проблемот првпат се манифестираше минатата ноќ во САД, а утрово во поголемиот дел од остатокот на светот.

„ Некои клиенти можеби имале привремени проблеми при купувањето. Го решивме проблемот и сега сè се одвива нормално“ – рече портпаролот на „Амазон“, но тој одби да ја коментира причината за прекинот.

Ова е второ големо нарушување во функционирањето на оваа платформа за купување преку Интернет од крајот на јуни, кога корисниците исто така за кратко имаа проблем со пристапот до услугите.

Можеби ќе ве интересира

Продолжен викенд: Подгответе се за авантура со Samsung Galaxy S26 Ultra и Galaxy Buds4 Pro

ДЕСК

Кога екранот исчезнува, а останува само доживувањето

ДЕСК

Еден клик може да ве остави без пари: Интернет измамите стануваат секојдневие

ДЕСК