„Ние имаме само еден живот и дали вреди да го поминеме во поделби, дали сме СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, муслимани, христијани? Нема да го дозволам тоа. Вие во мене имате другар и јас до последниот атом сила ќе се борам за од Валандово да направиме успешна приказна“ рече градоначалникот на Валандово Перо Костадинов на трбината „Најдоброто за нашата општина“ во Валандово.
Тој додаде дека пред 4 години, жителите на Валандово се избориле против рудниците, а наместо тоа сега имаат систем за наводнување вреден 25 милиони евра и визија за развој на општината.
„Јас не сум ваш градоначалник, а вие мои потчинети. Ние не сееме страв, поделби и предрасуди. Во само 3 и пол години, имаме направено повеќе од претходните 15, со инвестиции во инфрастуктурата и нема да застанеме додека последната куќа во општината не добие нормална и современа инфраструктура“ рече Костадинов.
Тој додаде дека овие проблеми не се решаваат преку ноќ и декае е потребно многу работа.
„јас не можам сам, затоа барам поддршка од сите вас и се надевам дека од Валандово ќе направиме позитивна приказна“ рече Костадинов.
Градоначалникот на Валандово кажа дека во само еден мандат е реновирана главната детска градинка во градот, изградена е нова во Брајковци, а започната е да се гради и нова градинка во Јосифово.