7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

При претрес во Тетово пронајдени кокаин и екстази

Полициски службеници на СВР Тетово вчера од 14 часот и 30 минути до 16 часот, со судска наредба, извршиле претрес во домот на Н.А.(32) во тетовско Доброште, каде биле пронајдени кокаин, дигитална вага и МДМА (екстази).

Н.А., кој претходно бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово, со соодветен поднесок е изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој му определил мерка притвор од 30 дена.

Н.А. се сомничи дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, казниво по член 215 од Кривичниот законик и вчеравечер тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ во Скопје за издржување на притворот, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

ДЕСК

Мојсоска: Не смееме да молчиме пред геноцидот врз палестинскиот народ – македонскиот народ секогаш бил на страната на угнетените

ДЕСК

Од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи – имунизацијата е најефикасна мерка за заштита на здравјето

ДЕСК