22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска со порака до деветоодделенците и матурантите: продолжете успешно да гизаокружувате образовните етапи, стекнувањето знаење е најисплатлива инвестиција

Овие денови полуматурантите беа исправени пред голема дилема, каде да ја продолжат образовната надградба. Испративме голем број пораки и до нив и до нивните семејства – при носењето на конечната одлука за упис во средно училиште да се водат првенствено согласно личните афинитети и убедувања, имајќи ги предвид секогаш информациите за слободните работни места и побарувани професии на пазарот на трудот. Искрено се надевам дека секој ученик и ученичка ја исполни својата желба, да се запише во училиштето кое било предмет на личен интерес и дека со сите сили, максимално посветено и одговорно од први септември сите ќе продолжат да бидат посветени кон она што треба да биде нивна единствена обврска, а тоа е стекнувањето знаења кое всушност е најисплатливата инвестиција во животот на секој поединец. *Верувам дека ова размислување е водилка и на учениците кои тукушто завршија средно образование и успешно ја положија државната матура. Мнозинството ќе одберат да се запишат на факултет, во земјата или надвор од неа, а јас се надевам дека сето стекнато знаење ќе биде применето за развој на татковината и обезбедување подобра иднина за себе и идните поколенија. Сегашните генерации на ученици, наставниците и родителите, институциите на системот, сите заедно покажавме дека образованието може да тече и на еден поинаков начин на каков не сме биле навикнати досега, а на кој бевме приморани поради појавата на пандемијата. Сепак, наставата во училница нема друга подобра алтернатива и правиме сé за тоа да се случи од септември. Но, одговорноста за тоа да се случи е на сите, секој поединец мора да се грижи за сопственото и за заштита на јавното здравје. Така ќе ја победиме пандемијата и ќе ги вратиме учениците таму кадешто и припаѓаат.*Во меѓувреме им посакувам среќа на сите ученици во понатамошната едукација. Запомнете–учењето е најлесната работа во животот. Големите предизвици доаѓаат потоа, а вие мора добро да бидете подготвени за да се справите со нив! Затоа слушајте ги наставниците, читајте го материјалот кој треба да се совлада, читајте дополнителна литература, истражувајте, анализирајте, бидете критички настроени и вложувајте во вашата креативност и иновативност. Поддршката од државата нема да изостане, важно е да покажете потенцијал и тој ќе биде забележан и поддржан.*Од позиција на министерка за образование и наука можам да ветам и понатаму максимална заложба за подобро образование и за градење на поквалитетен и конкурентен образовен систем во периодот пред нас. Ова е желба на многу претходни генерации ученици и наставници и не само моја лична, туку и цел на актуелниотвладин состав. Имаме план и тој веќе етапно се реализира, имаме волја, имаме широка поддршка и имаме средства за тоа да го постигнеме. Оптималниот рок е 5 до 6 години од сега.*Да сме живи и здрави сите и да бидеме сведоци на успесите кои ќе бидат плод на тоа што сега заедно го работиме!

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Среќен почеток на новата учебна година

M T

СДСМ: Јасна порака на ЕУ дека ги поддржува законските измени за судиите, ВМРО-ДПМНЕ е очајна

M T

СДСМ: Мицкоски да ја прифати пораката од граѓаните и да се откаже од деструкциите

M T

Шаќири: Наша мисија е да обезбедиме еднакви услови за сите ученици

M T

Шаќири: Приоритет е враќањето на учениците на настава, покачување на платите ќе има

M T

Порака од претседателот Стево Пендаровски по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

M T