Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Во функција целосно реновираната ургентна амбуланта на ГАК

Подобрени се условите за пациентите кои ги опслужува Клиниката за гинекологија и акушерство. Од денеска е во функција целосно реновираната ургентна амбуланта, којашто дневно опслужува 50-60 жени коишто доаѓаат за различни ургентни состојби во областа на гинекологијата. Опремена е со нови ЦТГ апарати, односно апарати со коишто се регистрира срцевата активност кај бебињата, нов стол и сега амбулантата има пријатен амбиент да ја пружа соодветна здравствена услуга.

Дополнително на тоа, веќе неколку месеци во функција е амбулантата за медикаментозен абортус. Со измената во Законот за здравствена заштита, оваа опција сега им се нуди на жените и волјата на жената е ставена на прво место. Изминативе месеци околу 150 жени имале медикаментозен абортус, а 90 стандардна оперативна процедура. Тоа значи дека кај 150 жени согласно индикацијата е избегната оперативната процедура и давањето на анестезијата, што е една значајна придобивка поради тоа што се избегнуваат сите ризици коишто се поврзуваат со оваа интервенција.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче кој денеска ја посети Клиниката за ГАК истакна дека со реновирањето и унапредувањето на услугите на ГАК, со поставената нова опрема, инкубаторите и новите респиратори вклучувајќи ги и високофреквентните, евидентни се бројките коишто укажуваат на подобрување на сите резултати што се однесува до давањето на здравствена услуга во овој дел.

Клиниката за гинекологија и акушерство е институција којашто во целокупниот изминат период најпрво го менаџираше третманот на жените, родилките коишто беа позитивни на коронавирусот со целосно изолирани делови во делот на третманот, интензивното лекување и операциони сали. Се истакнуваат со години наназад со својата експертиза, знаење и менаџирање на целокупниот процес што се однесува на мајчиното здравје, здравјето на бебињата од најраните денови, првите денови на животот што се манифестира како еден успех препознаен и од меѓународни институции, а тоа е преполовувањето на новороденечката смртност за период од две години. Таков резултат нема ниту една земја во светот, заслужува секаква пофалба и честитки и за менаџерскиот тим на чело со директорката и целокупниот стручен колегиум. – кажа министерот Филипче.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК
МАКЕДОНИЈА

Уште два настани со каснување на куче

ДЕСК

На 04.04.2019 во 22.05 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Д.(19) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 19.00 часот на булевар „Србија“ била касната од куче скитник во пределот на десната рака.

На 04.04.2019 во 09.00 часот во Полициската станица Демир Капија, З.П.(34) од Демир Капија пријавил дека истиот ден околу 06.00 часот бил каснат од куче скитник.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК