23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Битиќи: Некој велеше дека 9.000 минимална плата е добра, ние ја покачивме на 15.000

Дали ќе се носат одлуки со помали негативни импликации кон сите. Неминовно е одредено поскапување во одредени сегменти. Кај нас минатата година, имавме 40 проценти пониски цени. Се уште плаќаме евтини ресурси во споредба со другите земји. Струјата и нафтените деривати се меѓу најевтините кај нас изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи за емисијата „24 анализа“.

Според него она што е важно е дека граѓаните во изминатите четири години добиваат поголема минимална плата која од 9.000 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ сега е 15.240 денари. За четири  години и просечната плата порасна од 22.000 на 28.000 илјади.
-Моите сограѓани добиваат повеќе пари, дополнително секој еден денар кон привлекува  инвестиции,  без разлика дали домашна или странски, ќе може да довие субвенции само ако даваат плата над  22.500 ако не нема да бидат субвенционирани, рече Битиќи.

Тој рече дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ имаше 250.000 мил евра за 15.000 работни места, но тие ем добиваа субвенции ем даваа плата од по 9.000 денари.
-Ако некој е против граѓаните да живеат подобро нека му служи. Ако некој вели дека 9000 е добра плата, тоа е нивна политика, тоа не може во време на СДСМ бидејќи ние сакаме граѓаните да живеат достоинствено, рече Битиќи.