Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

648 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (04.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 648 возачи. Од нив, 60 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 117, а потоа на територија на СВР Охрид – 82, на територија на СВР Куманово – 80…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

УХМР СО НОВИ НАЈАВИ – Нова серија влажни воздушни бранови, следува поголема количина на дожд

ДЕСК

Лишени од слобода возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол

ДЕСК

Познат идентитетот на загинатите – МВР со детали за тешката сообраќајка

ДЕСК